Пешиќ, сепак, ќе остане селектор на Србија?
Медиумите од нашиот северен сосед пишуваат дека Пешиќ ќе потпише договор откако ќе се избере претседател на кошаркарскиот сојуз на Србија.
„Идејата е Пешиќ да добие повеќегодишен договор, а со тек на време во стручниот штаб да се ангажира тренер кој ќе се подготвува да го наследи Светислав на позицијата“, пишува српски „Курир“.