
Партизан на чекор до финале во АБА откако ја разнесе Цедевита
Партизан доминираше од самиот почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 18-8, а до полувреме вредноста на „црно-белите“ се зголеми до +16 (42-26), по што Цедевита не можеше да ја врати резултатската неизвесност до крајот на дуелот.
Нанали постигна 18 поени за Партизан, додека Ферел запиша 13 поени за Цедевита.
Победникот од ова полуфинале ќе се бори за титулата против Црвена Звезда.