Партизан и Звезда неделава ќе играат во ретро дресови на – Антиќ и Богдановиќ (ФОТО)

Кошаркарите на Црвена звезда и Партизан ќе настапат во ретро дресови на натпреварите од 28. коло на Евролигата, кои ќе се одиграат во наредните два дена.

Црвено-белите ќе го носат дизајнот од сезоната 2005, кога тимот го предводеа Милан Гуровиќ, Перо Антиќ и останатите, додека Партизан ќе биде облечен во стилот од сезоните 2010/11 и 2011/12, период кога за црно-белите настапуваа Владимир Лучиќ, Душан Кецман и Богдан Богдановиќ.

Што се однесува до натпреварите, Ц. Звезда ќе гостува кај Баерн во Минхен в четврток од 20.30 часот, додека Партизан ќе игра против Олимпијакос во Атина в петок од 20.15 часот.