Нови главоболки за Пешиќ, Србија ќе отсане без својот шампион на НБА?!

На половина месец до почетокот на Европското кошаркарско првенство, репрезентацијата на Србија се соочува со нови проблеми.

Според медиумите од северниот сосед, нов повреден во составот на селекторот Светислав Пешиќ е Немања Бјелица. Доскорешниот кошаркар на Голден стејт, со кој ја освои титулата во НБА-лигата, наводно имал сериозно повреда на листот на ногата.

По пријателскиот натпревар со Црна Гора веднаш бил пренесен во болница за да се утврди тежината на повредата, која ја заработил сам, без дуел со некого. Проценките се дека 208 сантиметри високото крило ќе треба да паузира, но дали двете недели до почетокот на Евробаскетот ќе бидат доволни - никој не знае.

По откажувањето од Теодосиќ, се повреди Аврамовиќ, а претходно Оклахома му забрани на Покушевски да дојде на подготовки и да игра на 20-годишниот центар Покушевски, така што Пешиќ ќе има тешки две недели до 1 септември.