Невидено: Тренерот на Морнар го повлече тимот на пријателски меч!? (ВИДЕО)

Црногорски Морнар играше пријателски меч со романски Клуж и не можеше да не мине без циркузи. Тренерот на Морнар од Бар, Михајло Павиќевиќ на средина од третата четвртина реши да го повлече тимот. Причина – незадоволен бил од арбитражата на судиите.

Тешко дека се памети некој тренер да ја повлече екипата на пријателски меч, ама Павиќевиќ го стори тоа на општо чудење на гледачите, ама и на кошаркарската јавност на Балканот.