Ненад Димитријевиќ меѓу ѕвездите кои ќе играат во чест на Дражен Петровиќ
Во интервју за Спортске новости, братот на Дражен, Александар Петровиќ откри некои од имињата кои ќе играат и најави дека таму ќе биде и Ненад Димитријевиќ кој ќе биде во тимот на светот кој ќе биде предводен од Жељко Обрадовиќ.
„Ќе има многу големи имиња. Матијас Лерос, Торнике Шенгелија, Шејн Ларкин, Вања Маринковиќ, Ненад Димтријевиќ, Марселињо Уертас, Јака Блажиќ... Ги замолив тренерите Жељко Обрадовиќ, Невен Спахија и Јосип Сесар да играат како да се работи за официјален меч бидејќи Дражен така би сакал“, рече, меѓу другото, Петровиќ.
Димитријевиќ од оваа сезона е член на Олимпија Милано откако претходните две години блескаше во дресот на Уникс и се промовира во еден од најдобрите европски плејмејкери.