На вечното кошаркарско дерби гореше косовското знаме, а имаше порака и за Црна Гора (ВИДЕО)

За време на финалната серија во српскиот кошаркарски шампионат помеѓу Црвена Звезда и Партизан, навивачите на домашниот тим имаа свое шоу.

Најпрво го запалија кососвското знаме, а потоа упатија порака и за Црна Гора. Соседите имаат затегнати односи, откако Црна Гора играше против Косово во фудбалските евроквалификации, а двајца фудбалери не сакаа да истрчаат на теренот како и селекторот Тумбаковиќ.

Видеата од палењето на косовското знаме и транспарентот наменет за Црна Гора можете да ги погледнете ТУКА.