МЗТ Скопје и Пелистер првата јадранска пресметка ќе ја имаат во Осиек!

Македонските екипи МЗТ Скопје и Пелистер денеска го дознаа распоредот за новата сезона во АБА2-лигата, како и местата каде што ќе ги одиграат петте турнири на кои ќе се играат по две односно три кола.

Македонското дерби помеѓу најсериозните кандидати за титулата во домашниот шампионат ќе се случи во третото коло, кое ќе се одигра во склоп на вториот турнир кој ќе се одржи во хрватскиот град Осиек (8-12 ноември). Првите две рунди од ова натпреварување ќе бидат на Златибор и тоа од 10 до 14 октомври, во кои МЗТ ќе ги одмери силите со Младост и Рогашка, додека Пелистер ќе дебитира против Ловќен, а потоа ќе игра против Сутјеска.

Сезонава исто како и минатата ќе се игра еднокружно, по што првите осум екипи ќе се пласираат во плејофот, каде што ќе се игра според фајналејт-турнир на една средба и тоа во Белград. Претходно, во регуларниот дел од сезоната, третиот турнир ќе се игра во Сараево (13-19 декември), Бања Лука (17-23 јануари) и Широки Брег (21-27 март).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1. КОЛО

МЗТ Скопје – Младост Земун

Ловќен - Пелистер

2. КОЛО

Рогашка – МЗТ Скопје

Пелистер - Сутјеска

3. КОЛО

МЗТ Скопје - Пелистер

4. КОЛО

Осијек – МЗТ Скопје

Пелистер - Војводина

5. КОЛО

МЗТ Скопје – Хелиос

Широки - Пелистер

6. КОЛО

Спарс – МЗТ Скопје

Пелистер – Борац БЛ

7. КОЛО

МЗТ Скопје – Ловќен

Златибор - Пелистер

8. КОЛО

Пелистер – Младост

Сутјеска – МЗТ Скопје

9. КОЛО

МЗТ Скопје – Подгорица

Рогашка - Пелистер

10. КОЛО

Подгорица – Пелистер

МЗТ Скопје - Војводина

11. КОЛО

Широки – МЗТ Скопје

Пелистер - Осијек

12. КОЛО

Хелиос – Пелистер

МЗТ Скопје – Борац БЛ

13. КОЛО

Златибор – МЗТ Скопје

Пелистер - Спарс