
МЗТ атакува на победа над Будуќност вредна посветла иднина во АБА!
Аеродромци одамна немаат победа, заковани се на дното со скор 2-13, со соочуваат со повредени, но и болни играчи, но и покрај тоа се надеваат на чудо кое ќе им донесе посветла иднина во јадранското натпреварување.
„Дуелот со Будуќност ќе ни биде трет неделава, откако по убедливиот пораз од Партизан добро одговоривме во домашниот шампионат против ТФТ. Имаме проблеми со повредени и болни играчи, но и покрај тоа ќе стиснеме заби и ќе се обидеме да дојдеме до посакуваната цел. А за тоа, ќе ни треба и голема помош од трибините и нашите верни навивачи“, вели тренерот н а „металците“, Драган Николиќ.
Досегашниот меѓусебен скор помеѓу овие две екипи е 11-2 во корист на Будуќност, со тоа што МЗТ двете победи ги оствари на домашен терен, додека црногорскиот тим триумфира четири пати во Скопје. Средбата ќе биде пренесувана на МТВ-3 и на регионалната Арена спорт.