Кошаркар на Партизан со искршена глава примен во Ургентниот центар во Белград!

Кошаркарот на Партизан, Далас Мур, денеска бил примен во Ургентниот центар во Белград со тешки повреди на главата, соопштуваат српските медиуми.

Неофицијално, тој учествувал во сообраќајна незгода, по која бил префрлен во болница. Поради сериозноста на повредите на главата, бекот на црно-белите бил прегледан на Неврохирургија од каде што излегол со голем завој на главата.

Полицијата набрзо стигнала во Ургентниот центар, каде што веднаш му бил направен алко-тест.