Комисијата призна дека Берон направил чекори, но ја одби жалбата на Партизан!

Жалбата на Партизан, по четвртиот меч од финалната серија од српската кошаркарска Суперлига, беше одбиена од страна на комисијата на натпреварувањето.

Од раководството на Суперлигата соопштија дека се случила грешка на судијата и дека Били Берон постигнал кош по очигледно чекори, но според правилата на ФИБА не е дозволено поништување на меч поради пропуст на судиите.

„Во врска со жалбата на КК Партизан дека победникот го решил кошот на Били Берон, кој го постигна по грешка во чекори, од спортскиот директор е добиено стручно мислење во кое се наведува:

‘Превид на судијата - недосудени чекори во последната секунда од четвртиот меч во финалната серија влијаеше на крајниот резултат. Дотогаш, 39 минута и 59 секунди, судењето беше добро’.

И покрај грешката на судијата, која имаше влијание на конечниот резултат, според официјалните правила на ФИБА, тоа не може да биде причина за поништување на натпреварот, па поради тоа жалбата на КК Партизан се одбива и мечот се регистрира со постигнатиот резултат“, соопштија од Суперлигата.