„Ќе нè навредуваат и плукаат, но така ќе ни биде послатка победата“

Утре се игра петтиот меч во финалето на АБА-лигата меѓу Црвена Звезда и Будуќност (2-2), а кој ќе слави во мечот, тој ќе ја освои титулата.

Едвин Џексон беше еден од најзаслужните кошаркари на Будуќност за победата против Црвена Звезда во последниот меѓусебен меч.

Во разговори за медиумите во Црна Гора, Џексон зборуваше за „мајсторката“, која ќе се игра во Белград.

„Ќе го оставиме срцето на паркетот. Ја немаме предноста на домашен терен, но петтиот меч ќе биде посебен за нас. Знаеме дека ќе биде тешко, публиката ќе се потруди за да победат домаќините, но тоа се моменти за кои се живее. Знам дека ќе нè плукаат и ќе нè навредуваат, но тоа е кукавички. Сепак, доколку триумфираме, тоа за нас ќе ја направи послатка победата“, вели Џексон.

Петтиот меч меѓу Црвена Звезда и Будуќност се игра утре со почеток од 19 часот.