Ќе извиси ли МЗТ? Приморска најде пари и ќе игра во АБА!?

Копер Приморска денеска со официјално соопштение објавено на својата интернет страница потврди дека клубот и натаму ќе постои, а сезонава ќе продолжи да се натпреварува во словенечкото првенство, Купот и во АБА-лигата. 

Клубот соошти дека и покрај потешкотиите на финансики план, ќе продолжи со нормална работа. Ќе функционираат сите младински категории, како и првиот тим.

„Во изминатите месеци направивме огромни напори за да го осигураме опстанокот на клубот. Се боревме до самиот крај, бевме на многу состаноци со потенцијални спонзори, партнери и подржувачи, испраѓавме и многу писма со ветувања, но пред неколку дена се чинеше дека нашата кошаркарска приказна дојде до самиот крај. Во изминативе два дена, најдовме соработка со нови заинтересирани партнери, кои ќе ни дадат шанса да одиме напред“, стои во соопштението на Приморска.

Ова можеби се лоши вести за македонскиот тим МЗТ Скопје, кој беше прва резерва да го преземе местото на Словенците во првата АБА-лига. Останува да видиме дали челниците на Приморска само купуваат повеќе време или навистина нашле спонзори за да го спасат клубот. Во спротивно, МЗТ Скопје треба да добие покана за учество во регионалната елита.