Калиниќ по трет пат во кариерата ќе го облече дресот на Ц. Звезда

Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда соопшти дека постигнала договор со Никола Калиниќ, кој по трет пат во кариерата ќе го носи дресот на тимот од Белград.

Калиниќ по две години поминати во Барселона реши да се врати во Белград и треба да биде големо засилување за „црвено-белите“ во следната сезона.

Искусниот кошаркар минатата сезона во Евролигата постигнуваше во просек по 7,3 поени, 3,8 скокови и 2,4 асистенции.