Јокиќ скромен, Србија поразена од Австралија
Најдобар поединец на натпреварот беше Пети Милс со 27 поени, го следеше Данте Егзум со 17. Во редовите на Србија Филип Петрушев уфрли 17 поени, Никола Јокиќ 14, а Никола Милутинов 12.
Австралија нешто подобро влезе во мечот, пред се благодарение на ударите од дистанца. Ниту Србија, нитуу Австралија немаа премногу течна игра во нападот, но очигледно тоа повеќе им одговараше на австралиските кошаркари.
Во втората четвртина Србија заигра подобро, па успеа и да направи пресврт за на пауза да замине со поен предност. Но, на почетокот на третата четвртина Австралија одново го презема водството и не го испушти до крајот на натпреварот.
Веќе утре Србија на истото место ја чека натпревар против САД.