И тоа се случи: Партизан среде Загреб доби – аплаузи! (ВИДЕО)

Вакво нешто не се случило скоро никогаш откако поранешна Југославија се распадна со крвавата војна во 90-те, па српски екипи или репрезентации практично „на нож“ биле дочекувани во Хрватска и обратно со хрватските екипи и селекции во Србија.

Арно ама, вчера во Загреб се случи слика која ја покажува вистинската слика на спортот, без оглед на лутото непријателство на Србија и Хрватска, на нетрпеливоста, зашто белградски Партизан кој ја победи Цибона во Загреб во регионалната АБА-лига после мечот беше испратен со громогласен аплауз од загрепчани.

Партизановци на аплаузот од трибините возвратија со аплауз после триумфот со 79-61 со што својата доминација во „класикото“ со Цибона го продолжија зашто и седма година во низа немаат пораз од загрепскиот великан.