Хаос во Грција: Тројца кошаркари одбија да играат зашто селекторот бил тренер на голем ривал!

Тројца кошаркари на Олимпијакос, Георгиос Принтезис, Антонис Кониарис и Костас Папаниколау не сакаат да играат за репрезентацијата на Грција, зашто селекторот е тренер на големиот ривал Панатинаикос.

Рик Питино го презема неодамна грчкиот национален тим, а по кратка пауза се врати и на тренерското место на Панатинаикос.

Тоа што Питино сеи на клупата на големиот ривал им пречи на кошаркарите и тие решија со отворено писмо да порачаат дека нема да играат за репрезентацијата.

Веднаш потоа се огласи и селекторот Питино.

„Кога се сретнав со нив немав понуда за работа. Имам голема почит кон сите грчки екипи, но ривалството не треба да постои кога станува збор за националниот тим. Тоа е до честа. Ќе повикам 12 кошаркари кои ќе дадам максимум“, порача Питино.