Германија ќе го повлече дресот со број 14 на легендарниот Новицки

Германската кошаркарска федерација пред почетокот на Евробаскетот реши да го повлече легендарниот дрес со број 14 на поранешниот кошаркар на Далас маверикс, Дирк Новицки.

Најдобриот кошаркар во историјата на Германија го носеше дресот со број 14, а од 1 септември тоа повеќе никој нема да може да го направи.

Далас претходно го повлече неговито дрес со број 41 во јануари, а сега тоа ќе го направи и Германија со која Новицки освои бронзен медал на Светското првенство (СП) во 2000 година и сребро во Белград во 2005 година.