Две третини од сите Срби на планетава навиваат за – Црвена звезда!

Кошаркарскиот тим на Црвена звезда се наоѓа во својата т.н. „златна ера“ со оглед на десетината трофеи и редовниот настап во Евролигата во последните десетина година, поради што директорот на овој клуб, Филип Сунтурлиќ, даде ептен смела изјава дека во моментов дури две третини од Србите навиваат за црвено-белиот тим.

Резултатскиот напредок значи и подобрување на маркетингот, што е една од причините за ваквото тврдење на првиот оперативец на белграѓани.

„Во Србија дури 65-отсто од популацијата која бори седум милиони навива за Ц. Звезда, како и повеќе од два милиони луѓе кои живеат во дијаспората. Поради тоа, постојано треба да се креираат различни содржини за да се допре до нив и да се предизвика некаква интеракција. Тие се информирани на дневна основа, а исто така многу инвестирање во продажбата на производи со клупското лого. Од година во година напредуваме, така да очекувам на крајот од оваа сеозна уште подобри бројки“, изјави Сунтурлиќ.

Знаејќи го анимозитетот кој владее помеѓу големите белградски ривали, се очекува брза реакција на луѓето од Партизан околу бројката навивачи на овој клуб.