Досега невидените овации за Обрадовиќ го расплакаа – неговиот помошник (ВИДЕО)

Пукаше од емоции на синоќешниот меч на Партизан против Анадолу Ефес (100-90) во полната белградска Арена, што кулминираше со досега невидените овации кон тренерот Жељко Обрадовиќ, кои предизвикаа солзи кај – неговиот помошник.

Моментот кога Владимир Андроиќ, кој е кум и долгогодишен асистент на деветкратниот евролигашки шампион, не издржа и почна да плаче како мало дете е можеби најемотивниот во досегашната историја на Евролигата. Целата сала скандираше за трофејниот стратег и му даваше поддршка по турбулентниот период и поразите, кои му претходеа на овој натпревар. Додека се случуваше ова, Андроиќ не можеше да ги сокрие емоциите. Откако ги поздрави присутните, му Жељко му пријде на својот кум и му кажа нешто, по што тој почнаа да се смее.

„Им благодарам на навивачите за сета љубов што ми ја покажаа, им благодарам за оваа ноќ. Вредеше да се родам само поради ова што го доживеав ова вечерва. Размислував многу периодов, пред се за навивачите, тие се најважни, ова се прави за нив. Реков дека силата е во овие луѓе, во овие фанови.. Најважно е да се продолжи оваа традиција на приврзаност кон клубот. Моето срце е полно кога ќе видите толку многу деца во салата. Резултатите се едно, едно е да се биде дел од елитата, а тоа е Евролигата, но најважно е да се едуцираат и да се направат нови навивачи. Знам после секој натпревар колку многу деца ме чекаат со нивните родители“, изјави Жељко.

Легендарниот Обрадовиќ потоа испрати порака до сите на кои срцето им е црно-бело.

„Секако дека реков дека знам каква е мојата иднина. Не се гледам никаде освен во овој клуб. Или ќе бидам тука или нема да работам. Многу е лесно. Сега, ќе видиме како ќе биде ќе биде во иднина“, јасен е легендарниот стратег.