Дончиќ со деца во маало се загрева за Евробаскетот (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лига, Лука Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот. Тој во моментов е на одмор и се очекува да им се приклучи на сонародниците во репрезентацијата во подготвителните дуели против Турција.

Меѓутоа, ѕвездата на Далас маверикс не може без кошарка и слободното време го користи за да игра со деца во едно маало и притоа да се „загрее“ за натпреварувањето.

Словенија ќе одигра пријателска средба и против Србија на 17 август во Љубљана.