Добра вест од Тел Авив: Жижиќ е свесен, повредата на главата не е страшна!

Кошаркарските вљубеници ширум светот ќе може полесно да спијат по информацијата која управата на Макаби Тел Авив ја обзнани доцна вечерва за состојбата на хрватскиот кошаркар Анте Жижиќ, кој на мечот против Хапоел Хаифа силно удри со глава во паркетот и мораше да биде успиен пред да биде однесен во болница.

Првите информации се дека неговата состојба е стабилна, односно дека тој е свесен и контактибилен, но и дека снимките со магнетна резонанца не покажале посериозна повреда.

„Анте ноќта ќе ја мине во болница, но само поради предострожност, а не поради тежината на неговата повреда“, напишаа од „Гордоста на Изр