Црногорски кошаркар уплатил 500.000 евра за лечење на дете од Србија!

Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ, кој е роден во Подгорица, но настапува за шпанската репрезентација, уште еднаш покажа дека е хуман човек и го воодушеви Балканот со неговата последна донација од 500.000 евра за лекување на малиот Вукан Стоиљковиќ.

Момчето, кое е од Србија, боледува од спинална мускула атрофија и тоа е уште едно дете на кое му е потребна помош бидејќи лековите се многу скапи.

„Кај оваа болест постојат специјални лекови. На 18 мај ќе заминеме и ќе почнеме со анализите за лекување. Не мора да се обидеме да собереме пари, не смееме така лесно да го испуштиме детето. Сега сте ни потребни повеќе од било кога. Сега е момент кога треба да се направи напор, зашто веруваме дека до 18 мај може да собереме пари“, беше објавено на Фејсбук страницата, а тоа го забележа кошаркарот и реши да донира.

Родителите на момчето неодамна кажаа дека добиле голема донација од спортист, кој сакал да остане анонимен.