Бивш НБА-кошаркар дојде пијан на тренинг, сакаше да тепа соиграчи, па доби отказ за седум дена!

Американскиот кошаркар Глен Рајс Јуниор доби отказ од литвански Јувентус Утена по само седум дена минати во екипата.

Медиумите открија дека Рајс правел проблеми и на пат кон Литванија, а „листата со гревови“ е долга.

Најпрво го пропуштил летото за Литварнија, а потоа го пропуштил и вториот лет кон Амстердам. Потоа ја игнорирал препораката на властите да биде во изолација додека не му стигнат резултатите од тестот на ковид-19 и уште првата ноќ завршил во локален бар.

Ден подоцна го критикувал клубот поради условите кои ги добил, а потоа почнал да лудува по ноќни клубови. Едно утро пристигнал пијан на тренинг, па се шегувал со соиграчите и сакал да се тепа, а тоа бил неговиот крај.