„АБА е дивјачка! Ни се закануваа дека ќе ни ја земат титулата без борба ако не излеземе на терен“

Американската ѕвезда на Будуќност, Норис Кол, кој беше еден од тројцата што беа повредени во нападот на навивачи на Ц. Звезда синоќа во „Пионир“ пред мајсторката за титулата во АБА-лигата преку социјалните мрежи објави дека АБАлигата и овој меч биле најлошата и најнепрофесионална во историјата на кошарката.

 

Кол во разговор за познатиот сајт „Еурохупс“ беше единствен од таборот на Будуќност кој проговори за случувањата и хаосот, по кој тој и неговиот тим биле едноставно приморани да играат.

„Тоа беше најлошиот меч. Најлошо опкружување, најнепрофесионален амбиент. АБА треба да се срами за тоа што се случуваше. Па, по нас фрлаа столчиња, шишиња, не плукаа, фрлаа што им дојде при рака... Пиротехника исто така. Нивните навивачи не нападнаа и го прекинаа загревањето. Не примораа до таа мера да мора да бегаме во соблекувалната. Тоа беше така небезбедно и неприфатливо“, вели Кол.

Американецот истакна дека во целото тоа опкружување, мечот не смеел да се игра, ама...

„Не смееше да се игра. Ама ни се закануваа дека ќе ни ја земат титулата без игра, ако не се појавиме на теренот. Во Подгорица нашите навивачи не влетаа на терен за да го прекинат загревањето. Не чепнаа ни еден кошаркар. Не фрлаа столчиња, чаши, шишиња... Ама на крајот АБА реагираше, а сега тоа не го стори во Белград. Нашите навивачи не дивееа на теренот, како тука во Белград“, завршил Кол.