Јокиќ не можеше сам, Милвоки го растури шампионот (ВИДЕО)

Иако Никола Јокиќ беше на чекор од трипл-дабл, Денвер Нагетс доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Милвоки со 95-112.

Србинот остана сам во борбата со противничките кошаркари бидејќи во првото полувреме останатите кошаркари од стартната петорка постигнаа само седум поени, а притоа се повредија Џамал Мареј и Кентавиус Колдвел Поуп. По 36 минути, Милвоки водеше со 28 разлика, па во последниот квартал тренерот Мелоун ги остави во игра резервните кошаркари кои делумно го ублажија поразот.

Јанис Адетокумпо беше најефикасен на натпреварот со 36 поени и 18 скока, плус пет асистенции, додека Јокиќ заврши со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции. Далеку зад Србинот остана Гордон со 14 поени.

Денвер сега е на четвртата позиција на табелата на Западот со една победа помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Минесота. Милвоки е трет на Истокот со биланс 35-19, далеку од првопласираниот Бостон.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Индијана 111-102
Кливленд - Филаделфија 121-123
Атланта - Чикаго 126-136
Торонто - Сан Антонио 99-122
Хјустон - Њујорк 105-103
Мемфис - Њу Орлеанс 87-96
Милвоки - Денвер 112-95
Далас - Вашингтон 112-104
Јута - Голден Стејт 107-129
ЛА Клиперс - Минесота 100-121