(ВИДЕО) Филаделфија оди во плејофот, Атланта на одмор

Екипата на Филаделфија 76 обезбеди пласман во плејофот од НБА лигата откако во плејинот беше подобра од Мајами со 105-104.

Клучно се покажа враќањето на Жоел Ембид кој заигра на неполна пред крајот на основниот дел, токму навреме за најважните дуели на Сиксерс. На крилјата на најкорисниот играч од минатата година, Филаделфија се избори за седмото место во лигашката конкуренција, а сега и за пласман во првата рунда од плејофот каде ќе сретне со Њујорк Никс.

Камерунецот со американски пасош постигна 23 поени и 15 скока и уште покажа колку значи за својот тим. Прв стрелец на мечот беше Тајлер Хиро од тимот на Мајами, со 25 поени, недоволни за составот од Флорида „од прва“ да се пласира во плејофот. 

За тоа ќе има втора шанса, против Чикаго Булс кој беше подобар од Атланта со 131-116. Победникот од дуелот кој се игра утре вечер во Мајами, ќе му биде противник на најдобриот тим во лигата Бостон Селтикс.