Вашингтон им порача на кошаркарите: Помалку користете телефон, ви треба повеќе сон!

Управата на Вашингтон визардс реши да им даде препорака на своите кошаркари. Тие не играат сезонава како што треба, п по 16 одигрнаи дуели имаат само шест победи.

Сепак, раководството на тимот смета дека може да оствари подобар резултат, па решија на состанокот да им препорачаат повеќе да спијат, а помалку да користат телефон.

„Се обидуваме да ги натераме да поминуваат помалку време на социјалните мрежи и да се посветат на некои други работи. Мора да бидат свесни колку им треба време за спиење“, порача генералниот менаџер Томи Шепард.