Ужасна статистика: Ентони Дејвис е најлош во историјата! (ФОТО)

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис има најлош шут во историјата на НБА-лигата, а тоа влијае и на натпреварите на тимот кој има лош почеток на сезоната.

Еден од најдобрите кошаркари на Лејкерс е најлош во историјата, барем така покажува статистиката. Тој за три поени шутира успешно само 16,7 отсто и тоа е најлошо во лигата ако се земат во предвид играчите со најмалку два обиди за тројка на еден меч и притоа одиграле 20 минути.