„Учевме од грешките, дадовме жртва и заслужено сме шампиони!“
Браун беше избран за МВП во финалето на најсилната кошаркарска лига во светот, а по дуелот кажа дека успешно ги елиминирале грешките од минатото.
„Учевме од грешките и го покажавме тоа во текот на цела сезона. Дадовме жртва, игравме добро и заслужено сме шампиони. Чувството е неверојатно“, кажа Браун.