
Уапсен НБА-кошаркар, ја тепал и ја давел сопствената девојка! (ВИДЕО)
Полицијата била повикана во „Милениум Хилтон Плаза“, во 6.45 вчераутро, каде што нашле 26-годишна девојка со „рана на десната страна од нејзиното лице“.
„Прелиминарната истрага потврдила дека напаѓачот ја удрил неколку пати во телото и ги ставил рацете околу нејзиниот врат“, велат во полицискиот извештај. Поради тоа, Портер ќе биде обвинет за физички напад и за давење.
Жената била пренесена во болница во стабилна состојба, иако кога била хоспитализирана утвредна ѝ била, најмалку, една скршена коска, шпекулираат меидумите. Портер и неговата девојка биле излезени, а инцидентот почнал потоа, кога таа дошла во хотелот каде што престојувал, но се заклучиле надвор од собата. Тука работите ескалирале, а обезбедувањето на хотелот ја алармирало полицијата.
„Во процес сме на собирање информации за Кевин Портер. Во овој момент немаме повеќе коментар“, била реакцијата од Хјустон рокетс.
Кевин Портер ја почна НБА-кариерата во Кливленд, во 2019, каде што помина две сезони, а во 2021 додје во Хјустон. Неговата девојка, Кисри Гондрезик, исто така е кошаркарка. Иако во моментов нема клуб, настапуваше за Индијана и за Чикаго, во женската НБА-лига.
Kevin Porter Jr. in custody
— NBACentral (@TheDunkCentral) September 11, 2023
(Via @NBCNewYork / h/t @ChancellorTV )
pic.twitter.com/186XpjnqAR