Трипл-дабл број 50 за Дончиќ, Бостон не знае да запре со победи! (ВИДЕО)

Лука Дончичќ  не дозволи да се зборува за никој друг, по дербито меѓу Далас и Денвер, кое Маверикс го добија со 127-99. Словенечккиот кошаркар стана десеттиот во историјата на НБА, кој стигнал до 50. трипл-дабл натпревари во кариерата.

Во отсуство на повредениот Никола Јокиќ, не беше многу тешко да се привлечат сите погледи, а Дончиќ знае како да го искористи тоа. Постигна 33 поени, 12 скока и 11 асистенции и се приклучи на елитно друштво од историјата. Само еден кошаркар стигнал до 50 меча со троен ефект порано од Дончиќ, Оскар Робертсон, кој успеал во тоа и помлад (23 години и 42 дена, наспроти 23 години и 263 дена на Дончиќ) и за помал број натпревари, 111 за разлика од 278 на Дончиќ.

Од останатите 10 меча во ноќта, за издвојување е Бостон, кој собра серија од девет победи. Последната во низата ја оствари синоќа, на гостувањето кај Њу Орлеанс, со 117-109, предводен од Џејлен Браун со 27 поени, 10 скока и седум асистенции.

Атрактивно беше и дербито на врвот од Западната конференција, во кое Јута го совлада Феникс со 134-133, нанесувајќи му го третиот пораз во последните пет меча. „Сонцата“ паднаа на четврто место, Јута е втора, зад Портланд. Натпреварот беше поентерско шоу на неколку кошаркари, а Девин Букер од Феникс поппусто дојде до 49 поени, 10 асистенции и осум скока, кога беше засенет од Лаури Марканен со 38 и Мајк Бизли со 27.

НБА РЕЗУЛТАТИ

ЛА Лејкерс – Детроит   128-121

Голден стејт – Њујорк   111-101

Јута – Феникс                   134-133

Њу Орлеанс – Бостон   109-117

Далас – Денвер               127-99

Мемфис – Оклахома     121-110

Хјустон – Индијана        91-99

Чикаго – Орландо          107-108

Филаделфија – Милвоки            110-102

Кливленд – Шарлот       132-122

Вашингтон – Мајами     107-106