Трикратен НБА-шампион стана еден од газдите на Јута џез

Американските медиуми пишуваат дека трикратниот НБА-шампион, Двејн Вејд си купил акции во Јута џез и ќе соработува со газдата Рајан Смит.

Вејд се запознал со Смит додека играле голф во Калифорнија пред две години и станале големи пријатели, а од минатата година преговарале за продажба на дел од акциите, а засега не е познато колку пари инвестирал поранешниот кошаркар.

Легендата на Мајами хит ја почна кариерата во 2003 година, кога пристигна како петти пик во првата рунда на драфтот, а дресот на тимот го носеше до 2016 година, по што потпиша за Чикаго, а играше и за Кливленд.