Тренерот на Денвер објави први информации за повредата на Јокиќ

Никола Јокиќ се повреди во поразот на Денвер нагетс, откако претходно играше неверојатно и за само 15 минути постигна 24 поени, шест скокови и шест асистенции.

Јокиќ на полувреме ја тестирал повредената нога, а тренерот на Денвер кажа дека станува збор за болка во коленото, но дека тоа не е ништо сериозно.

„Мислам дека тоа не е ништо сериозно. Зборував со Јокиќ и ми кажа дека се чувствува малку слабо, па поради тоа го оставив да одмори. Тоа е моја одлука, не е негова“, вели Мајкл Мелоун.