Ех да се сите како Гобер: Кога играм за репрезентацијата е исто како да играм НБА финале!

Центарот на француската репрезентација, Руди Гобер, изјави дека играњето за националниот тим е значајно колку и НБА финалето.

Гобер, кој ќе ја претставува Франција на Светското првенство во Кина, истакна дека селекцијата на САД и понатаму е фаворит за титулата, и покрај тоа што имаше голем број откажувања.

Мотивиран сум. Сакам златен медал. Среќен сум што заедно со пријателите сме во националниот тим. Имаме потенцијал за титулата, иако главен фаворит е САД. Националниот тим е важен исто колку и играњето во НБА финалето, иако сите знаеме дека лигата нас не плаќа за тоа. Но, живеам за вакви денови, особено поради тоа што сме група на момци кои го сакаат теренот, ја сакаат кошаркара, изјави Гобер за „Спортандо“.

Мундобаскетот во Кина е на програмата од 31 август до 15 септември.