Томпсон со 12 тројки го предводеше Голден стејт, триумф на Далас без Дончиќ (ВИДЕО)

Во отсуство на Стеф Кари, Клеј Томпсон истапи и со дури 12 тројки му донесе победа на Голден стејт од 141:114 над Оклахома, Далас без Лука Дончиќ славеше гостинска победа кај Јута од 124:111.

Голден стејт забележа важна победа во битката за местата кои носат во плеј-офот, ѕвезда на вечерта беше Клеј Томпсон. Тој постигна 42 поени, дури 36 од нив беа од тројки. Одличен беше и Пул кој имаше 21 поен и 12 асистенции. Најдобар кај Оклахома беше Жилжус Александер со 20 поени.

Далас беше значително ослабен на гостувањето кај Јута, не играше Дончиќ поради повреда, ги немаше ниту Динвиди и Смит кои беа дадени во трејдот за Ирвинг. Но и покрај тоа, Маверикс забележаа победа во Јута со 124-111.

Грин и Харди беа најдобрите во составот на Далас, двајцата имаа по 29 поени. Најдобар кај Јута беше Кларксон со 26 поени.

Резултати:
Детроит - Бостон 99-111
Вашингтон - Кливленд 91-114
Бруклин - ЛА Клиперс 116-124
Чикаго - Сан Антонио 128-104
Хјустон - Сакраменто 120-140
Јута - Далас 111-124
Голден стејт - Оклахома 141-114
Портланд - Милвоки 108-127