Спектакл во Минесота: Богдановиќ погоди за егал, па го гледаше падот на Клиперс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс загуби на гостувањето кај Минесота тимбервулвс со 106-109 по драматична завршница на мечот на кој на теренот се врати Богдан Богдановиќ.

Српскиот репрезентативец одигра 23 минути на паркетот, а притоа постигна девет поени, две асистенции и еден скок, а успеа да погоди и во финишот за 104-104, но во последните секунди го гледаше падот на Клиперс.

Најџел Рид потоа погоди тројка за водство на Минесота, а МекДениелс ја потврди победата од слободно фрлање. Џејмс Харден имаше шанса да избори продолженија, но го промаши ударот во последните секунди.

Останати резултати:

Бруклин – Њу Орлеанс 119-101
Вашингтон – Атланта 116-131
Детроит – Милвоки 124-112
Кливленд – Голден Стејт 94-99
Мајами – Сакраменто 111-127
Далас – Хјустон 122-109

Фото: Facebook/LA Clippers