Спарси го урнаа митот за Оклахома - ќе играат за помалку важниот трофеј во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се пласираа во финалето на НБА купот, откако во синоќешното полуфинале во Лас Вегас ја совладаа Оклахома сити тандер (111-109) со што ѝ го нанесоа само вториот пораз сезонава.

Со ова, „спарси“ ја прекинаа серијата на „громовите“ од 16 победи по ред, иако тие во мечот влегоа како фаворити. И покрај водството од плус 16 во првото полувреме, екипата на Сан Антонио направи пресврт и во неизвесна завршница ја задржа минималната предност до самиот крај. Победата беше резултат на тимска игра – Девин Васел постигна 23 поени, додека Фокс, Касл и Вембањама додадоа по 22. Кај Оклахома, Шај Гилџус-Александер беше најефикасен со 29 поени.

Сан Антонио во финалето на НБА купот ќе се сретне со тимот на Њујорк Никс, кој го совладаа Орландо меџик (132-120), предводен од Џејлен Брансон (40 поени). Финалето се игра на 17 декември од 2.30 часот по македонско време.