Синот на Леброн Џејмс претрча цел терен и имаше брутално забивање (ВИДЕО)

Брони Џејмс, синот на легендарниот Леброн Џејмс, ги воодушеви сите во салата со неговиот контра-напад против екипа составена од најдобрите француски кошаркари до 18 години.

Натпреварот се играше во Париз, а младиот Џејмс при еден напад го претрча цел терен, по што имаше брутално забивање за водство од 47-33 на неговиот тим.

Брони на крај заврши како најдобар стрелец во редовите на Калифорнија со 25 поени.