
Шредер се врати во Лејкерс и потпиша едногодишен договор
Германецот, кој игра фантастично за својата репрезентација на Евробаскетот реши уште еднаш да се обиде во златно-виолетовиот дрес на Лејкерс. Тој беше дел од тимот во сезоната 2020/2021, но не го продолжи својот престој иако Лејкерс му понудија договор од 84 милиони долари.
Сметаше дека може да добие повеќе пари во друг тим и многу погреши, бидејќи ниту еден тим не беше подготвен да му даде долг договор. Изминатата сезона играше за Бостон и Хјустон, па сега како слободен агент се враќа во Лејкерс и тоа на едногодишен договор вреден 2,4 милиони долари.
Леброн Џејмс веднаш го поздрави кам-бекот на Германецот во тимот, а наводно тој доаѓа на инсистирање на новиот тренер на Лејкерс, Дарвин Хем.