Шредер се пожали: Не ме сакаат во Германија бидејќи сум црн

Долгогодишниот НБА кошаркар Денис Шредер предизвика полемика во Германија откако изјави дека не е доволно ценет во земјата поради неговата боја на кожата.

Тој беше еден од најзаслужните за светската титула на германската репрезентација пред две години, ама се уште е во сенка на Дирк Новицки кој е убедливо најпочитуван кошаркар во земјата. Шредер е роден во Германија од татко Германец и мајка Гамбијка.

„Имав 14 години кога го гледав Дирк Новицки како го носи знамето на Германија на Олимписките игри во Пекинг. Тогаш се велев дека би било прекрасно јас да добијам таков респект. Денес знам дека сум почитуван, но никогаш нема да бидам како Дирк. Нема да ја добијам истата љубов во земјата затоа што јас сум црн“, изјави Шредер иако не откри детали или специфични случаи кога почувствувал дека не е почитуван во земјата.

Лани во интервју за Шпигел тој рече дека често бил напаѓан поради тоа што е црн, а неговата сопруга затоа што е во брак со црнец.