Се знае кој е најголема ѕвезда во Далас: Две девојки не можеа да му одолеат на Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, имаше уште една одлична партија во НБА лигата, во која Маверикс го прегази Њу Орлеанс со 130-84.

Иако не го одигра целиот натпревар, но во времето што го помина на теренот, тој беше на висина на задачата. Словенецот постигна 26 поени со шест скока и девет асистенции, а со тоа по 18-ти пат во низа запиша најмалку 20 поени, пет скока и пет асистенции, што во историјата му успеало само на Мајкл Џордан во сезоната 1988/89.

Во Далас веќе го сметаат за голема ѕвезда, а особено тоа можеше да се забележи на синоќешниот натпревар. Имено, две девојки не можеа да му одолеат на 20-годишниот Словенец кои седеа во првите редови на трибините, а камерите одлично ги „уловија“.