Проблем за Денвер: Јокиќ се повреди!
Според новинарот на „Денвер Спорт“, Харисон Винд, тој има воспалениот на зглобот на десната рака и веќе е ставен на листата на повредени играчи за мечот со Пеликанс, а покрај неговото име стои дека неговиот настап е нзиевсен. Јокиќ излегол од денешниот тренинг со облога со мраз околу зглобот и многу веројатно тренерот Мајкл Мелоун нема да ризикува со него.
Покрај Јокиќ, повреден е и вториот најдобар играч на Денвер, Џамал Мареј кој на мечот против Чикаго во саботата го напушти теренот во втората четвртина поради болки во тетивата.