Познати се петорките за „ол-стар“ мечот - Леброн, Дончиќ, Јокиќ и Кари ќе почнат заедно за западот

НБА ги објави стартните петорки за овогодинешното издание на „Ол-стар“ мечот, најмногу гласови повторно доби Леброн Џејмс.

Ол-стар викендот оваа година ќе се одржи од 16. до 18, февруари, за Леброн Џејмс тоа ќе биде 19. учество со што го израмнува рекордот на Карим Абдул Џабар.

Во првата петорка на западот се: Леброн Џејмс, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Стеф Кари и Зајон Вилијамсон.

Во првата петорка на истокот се: Јанис Адетокумбо кој е капитен, потоа Кајри Ирвин, Донован Мичел, Кевин Дурент и Џејсон Тејтум.