Портланд доби „метла“: Голден Стејт петти пат по ред во финалето (ВИДЕО)

Без Кевин Дурент, Демаркуз Казинс и Андре Игудала, Голден Стејт го совлада Портланд на гостински паркет со 119-117 по едно продолжение и се пласираше во големото финале на НБА-лигата со максимални 4-0. 

Актуелниот шампион испиша историја откако петта година по ред стигнува до големото финале и го израмни постигнувањето на Бостон селтикс од педесетите години од минатиот век.

Вориорс повторно се вратија од двоцифрена негатива против Блејзерс и тоа најмногу благодарение на фантастичните Стеф Кари и Дрејмонд Грин кои имаа трипл-дабл остварување. Кари постигна 37 поени, 12 скока и 11 асистенции, додека Грин имаше 18 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Демијан Лилард беше најдобар во тимот на Портланд иако играше повреден со 28 поени и 12 асистенции.

Голден Стејт во финалето ќе игра против подобриот од пресметката на Истокот помеѓу Милвоки и Торонто, каде Бакс водат со 2-1.