Попович го одбра тимот со кој ќе атакува на златото во Кина

Кошаркарите на САД за неколку дена ги стартуваат подготовките (5 август во Лас Вегас), а по бројните откажувања на НБА-ѕвездите, селекторот Грег Попович конечно успеа да собере тим за Мундобаскетот во Кина.

Последни меѓу новоповиканите се Бем Адејо од Мајами и минатогодишниот руки, Џере Џексон од Мемфис по последните откази на Андре Драмонд и Монтрезл Херел.

Попович пронајде 16 играчи кои ќе ги подготвува за во Кина, а четворица ќе мораат да отпаднат од тимот.

На подготовките сега ќе се појават Харисон Барнс, Џејлен Браун, Кајл Кузма, Брук Лопез, Кајл Лаури, Крис Мидлтон, Донован Мичел, Мејсон Пламли, Џилиус Рендл, Маркус Смарт, Џејсон Тејтум, Пи Џеј Такер, Мајлс Тарнер, Кемба Вокер и Тадиус Јанг.

Дури деветмина од овие играчи освоиле злато со националната селекција во минатото, а покрај Попович, во стручниот штаб се и Стив Кер, Лојд Пирс и Џеј Рајт.