Официјално: Ентони Дејвис ја доби новата бројка на дресот во Лејкерс (ВИДЕО)

Иако Леброн Џејмс сакаше да му го подари бројот „23“ на Ентони Дејвис и да му посака топло добредојде во Лос Анџелес, сепак „Најк“ не му дозволи такво нешто. 

Џејмс сакаше повторно да го носи бројот „6“ на дресот како од времето кога играше за Мајами, но „Најк“ има направено премногу дресови со бројот „23“ со неговото презиме, па ќе мораше да претрпи милионски загуби.

„Кралот“ ќе може да го промени бројот следната сезона, па затоа Ентони Дејвис наместо 23, оваа сезона ќе нос дрес со бројот „3“.