Од НБА ѕвезда до мафијаш: Пековиќ бил на радар на тајните служби!

Поранешниот кошаркар во НБА-лигата, Никола Пековиќ беше избран во 2021 година за нов претседател на кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, меѓутоа медиумите пишуваат дека во тој момент бил и на радарот на тајните служби кои го означиле како припадник на криминална организација со која управува осудениот мафијаш Дарко Шариќ.

Во документите се наоѓа Пековиќ како еден од најважните членови на кланот, веднаш по браќата Дарко и Душко Шариќ, Горан Соковиќ и Јовица Лончар, а исто така имало уште 70 припадници во криминалната мрежа.

Ниту тоа не го спречило едногласно да биде избран за прв човек на кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, а функцијата ја извржувал до крајот на 2023 година.

Според документите, главна задача на поранешниот кошаркар била легализација на парите добие од препродажба на кокаин. Парите биле внесувани во системот преку градежништво, туризам, угостителство и спорт.

Еден од моделите бил да се создадат фирми кои добивале кредити преку банки, а кланот во своето портфолио имал десетици хотели, ресторани, спортски колективи и недвижнини, кои биле формално регистрирани на блиски личности.

Пековиќ во 2021 година бил единствен кандидат за функцијата на претседател во кошаркарскиот сојуз, а за време на професионалната кариера играл за Минесота Тимбервулвс, Панатинаикос, Партизан, Атлас и Авала.