Обрадовиќ без влакна на јазикот: Не ме интересира НБА, тоа е мафија! (ВИДЕО)

Жељко Обрадовиќ имаше интервју за „Спортандо“ за тоа што не замина во НБА-лигата, но и за неуспехот на европските тренери во најсилната лига во светот.

Обрадовиќ нема најдобро мислење за НБА-лигата, па кажа дека тие биле мафија.

„Нема европски тренери. Знаете зошто? Затоа што НБА е мафија. Не им даваат на тренерите да работат и никој не зборува ништо. Јас смеам да кажам затоа што не ме интересира. Имам пријатели во НБА, но...“, вели Обрадовиќ.

Обрадовиќ смета дека европската кошарка е подобра од сезона во сезона, како и дека Евролигата ќе биде блиску до НБА-лигата, но тешко дека ќе се достигне нивото на најсилната лига во светот поради парите кои се вложуваат во неа.