Нов ѕверски и историски меч на Дончиќ, блескаа и Јокиќ и Богдановиќ (ВИДЕО)

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ повторно имаше настап за паметење и поворно се запиша во историјата на НБА-лигата, после синоќешната ѕверска партија за својот Далас, откако запиша 31 поени, 20 асистенции и 12 скокови во триумфот од 125-124 против Вашингтон Визардс.

Дончиќ стана само четвртиот кошаркар во најсилната лига на светот кој успеал на еден меч да стигне до трипл-дабл со вакви бројки, најмалку 30 дадени поени, 20 асистенции и 10 скокови. Само Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук успеале досега да направат ваков трипл дабл.

За Вашингтон, Вестбрук даде 42 поени, но и тоа не помогна да го однесе својот тим до победа, а мечот го реши Доријан Фини Смит со тројка на девет секунди пред крајот на мечот на асистенција на Словенецот.

Во ноќта во која блескаа кошаркарите од бивша Југославија, Србинот Никола Јокиќ даде 30 поени и 14 скока за триумф со 110-104 против ЛА Клиперс, додека Хрватот Бојан Богдановиќ погоди шест тројки за да реализира вкупно 34 поени и да ја одведе Јута до триумф над Торонто со 106-102 и „џезерите“ да останат на првото место на Западот.

Резултати: Јута – Торонто 106-102, Минесота - ЊуОрлеанс 136-140 по продолженија, Орландо – Мемфис 112-111, Кливленд – Мајами 107-124, Атланта – Чикаго 108-97, Хјустон – Голден стејт 87-113, Шарлот – Детроит 107-94, ЛА Клиперс – Денвер 104-110.